Порта Македонија ќе добие кафе-бар

 

Наскоро Порта-Македонија ќе добие и свој кафе-бар, јавува Сител.

Владата распиша конкурс за изнајмување на горниот простор од  објектот, а се работи за закуп на  луксузно уредениот простор со површина од 172 метри квадратни. Закупот ќе стартува со 2,3 евра за метар квадратен или месечната кирија ќе изнесува  речиси 400 евра.

Се предвидува кафе барот да работи од 18 до 24 часот и тоа осум месеци во годината - од 1  март , па се до 31 октомври, а ќе се служат алкохолни, безалкохолни пијалоци и толпи напитоци.

Лицето кое ќе лицитира има право пет години да стопанисува со објектот.

ФОТО: Народна Македонија

 

најчитано сега