ФОТО: Ова е најмонструозниот педофил во светот
Поранешниот учител во основното училиште во Вашингтон Ерик Џастин Тот е уапсен поради злоставување и порнографско снимање на деца во Никарагви. Тој на листата на FBI е еден најбараните криминалци на светот. Триесет и едногодишниот Тот е откриен во 2008 година, кога кај него е пронајдена школска камера која ја користел за да прави порнографски фотографии со децата. Потоа исчезнал, а ФБИ веднаш почнала со потрага. На листата на најбараните злосторници на ФБИ го замени лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен, а за негова информација ФБИ нудеше 100,000 долари. Тој во понеделникот беше уапсен во Никарагви, и ќе биде предаден на американските власти.