Македонската алијанса успеа да издејствува реализација на два проекти во Пустец

 

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција во договор со Демократската партија на Сали Бериша за заедничко коалицирање за парламентарните избори во Албанија, успеа да издејствува одобрување од Владата на два проекти за Општина Пустец, во вредност од 200.000 евра.

Се работи за асфалтирање на патот на село Горна Горица и реконструкција и асфалтирање на патот од влезот во Пустец кај Здраствениот дом.

Имено, првиот проект кој предвидува реконструкција и асфалтирање на патот од влезот во Пустец кај Здраствениот дом веќе е при крај. Другиот проект асфалтирање на патот на село Горна Горица е во тек, се работи на проширување на патот и се очекува многу бргу и негово асфалтирање.

Овие гранични премини ќе влијаат за развој на областите Голо Брдо и Гора, области населени со Македонци и ќе се спречи процесот на емиграција на Македонците од овие области.

Од Македонска алијанса за весникот „Македониум" изјавија дека Македонска алијанса е единствена гаранција за развој на подрачјата каде што живеат Македонците во Албанија и интегрирање во институциите на системот во Албанија, и затоа е потребно обединување на Македонците во Албанија и на престојните парламентарни избори да ја поддржат и гласаат за Македонска алијанса за европска интеграција.

ФОТО: Сител

најчитано сега