Ни пристигна летото!

Летото на северната хемисфера на Земјата календарски почна изутрината во 7 часот и 4 минути. Истовремено на јужната полутопка настапи  зимата.

Летото ќе трае 93 дена и ќе заврши на 22 септември во 22 часот и 44 минути, кога ќе почне есента.

Денешниот ден е најдолг во годината и ќе трае 15 часа 14 минути, а ноќта е најкратка 8 часа и 46 минути.

Првиот летен ден во Македонија, според синоптичарите, ќе биде сончев и многу топол со слаб ветер од променлив правец. На планините со мала до умерена локална облачност и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Температурата ќе достигне до 37 степени, а УВ индексот 9.

ФОТО: Купинапопуст.мк

најчитано сега