Велиновска: На сите да им се суди јавно и да одговараат

 

Домашниот квислинг, македонската марионета Зоран Заев отворено кажува дека не очекува правна разврска, туку очекува политичка разврска, рече новинарката Мирка Велиновска на трибината на ГДОМ во Кисела Вода.

krajtribinaaaa

 

Таа истакна дека една голема група на луѓе во Македонија одамна се залага за протекционизам и интервенционизам.

-Тие се залагаат странци да ни ја оправаат домашната работа. Односно, да ни кажат дека и по 100 години Македонците не се способни да имаат сопствена држава. Тоа им е целта. Ако не им успее оваа игра, како што не им успеа до сега, во второ полувреме или во следниве епизоди, ќе ни го уклучат и албанскиот фактор. Сега го одмараат. Од овој народ треба да излезе јасна порака до институциите и до Власта која го добила нашиот мандат- „Ние не сме гласале за да гледаме вакви серии, да изиграваме циркуз. Ние сме ги гласале за да ни го испочитуваат Уставот, да ни ги почитуваат институциите, нашите животи сме им ги довериле, нашата безбедност, нашите домови“, рече новинарката.

Таа јавно побара аферата да заврши на Суд.

-Со јавен пренос, 24 часа ако треба. И публика да има и странски новинари, ама не да се суди  „Перо машинбраванот“, не некој што добил задача да се суди, тој лесно е да го осудат. До горе да се судат! До инспиратор! Таква обврска јавно си зема Никола Груевски пред нас. Службата и политичкото раководство кое наредило и државата во Европа која ова валкано го направила, ја организирала во Македонија, што си направила мрежа, што си нашла, што ги плаќала, се да оди јавно. За се има документи. Не е ова телефонските разговори кој што зборувал. Тоа им е да не замајат, истакна Велиновска.

Таа порача дека граѓаните сакаат да знаат КОЈ, ШТО и КАКО планирал.  

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега