Избеган затвореник од Тетово повторно падна во рацете на полицијата
Тетовската полиција вчера го уапси 39-годишниот Ш.Ш. од Нераште, кој претходно избегал од затворот во „Штип“, дваесеттина минути по извршена кражба над 65 годишна тетовка. Избеганиот затвореник бил уапсен вчера околу 10 часот на улица „133“ во Тетово откако ја извршил кражба на мобилниот телефон.
- Додека таа се движела по улица „Маршал Тито“ во градот Ш.Ш. и се доближил и од раката и го одзел нејзиниот мобилен телефон, а потоа избегал. Набрзо тој е фатен, одземениот телефон е пронајден и вратен е на сопственичката. При апсењето кај Ш.Ш. бил пронајден и одземен еден нож, рече Јосифовски.
По завршувањетоа на сите процедури Ш.Ш. бил вратен во затвор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа