Џихадистите повторно фрлаат хомосексуалци од врвот на зградите
На сликите се гледаат луѓе со врзани очи како клечат во центарот на кругот, додека крај нив стои маскиран убиец со долг, зарѓан меч, а околу нив група на набљудувачи.
Џихадистите на Исламската држава на северот на Ирак јавно погубија тројца мажи, од кои двајца поради наводно хомосексуални активности. Сликите денеска на друштвените мрежи ги делат симпатизери на ИД.
Припадниците на Исламската држава, која контролира голем дел од подрачјето на Ирак и Сирија, извршија до сега стотина погубувања, од кои многу од нив биле фотографирани или снимени со видео - камера.
Најновите фотографии не го прикажуваат самиот чин на отсекување на главата, а нивната автентичност не може независно да се потврди.
Сепак на сликите се гледаат луѓе со заврзани очи како клечат во центарот на кругот, додека крај нив стои маскиран убиец со долг, зарѓан меч, а околу нив група на набљудувачи.
Под фотографијата пишува дека тројцата заробеници се погубени, од кои двајца поради хомосексуалност, а третиот поради богохулие.
Погубувањето наводно е извршено во ирачката провинција Ниневех, која прва падна пред налето на џихадистите во офанзива која беше покрената минатиот јуни, но точната локација не е наведена.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа