Квалитетот на воздухот ќе го мери МЖСПП наместо УХМР

 

Мерењето на квалитетот на воздухот да премине во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидуваат најновите измени на Законот за хидрометеоролошка дејност кои денеска го поминаа првото читање пред собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Досега мерењето на квалитетот на воздухот беше под ингеренција на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

- Ваквото решение е логично зашто со него најпрво се разграничуваат надлежностите на институциите, а потоа и УХМР се растоварува од обврска повеќе. Тоа ќе и овозможи уште поквалитетна работа особено ако се земе предвид дека е задолжена за мерење на температурите, врнежите, снежната покривка, нивоата на подземните води, водотеците,... во услови кога Македонија се повеќе ги чувствува влијанијата од климатските промени и тие се се поизразени, посочи пратеникот Љупо Димовски од Социјалистичка партија. 

Комисијата денеска ги разгледа и измените на Законот за шуми во второ читање.

На дневен ред беа и Предлог-законот за водостопанство, како и предлог-дополнувањата на Законот за земјоделски задруги, двата во прво читање, но по овие точки ќе се расправа на продолжението на седницата што ќе биде дополнително закажано. 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега