Кривична за управител на градежна фирма од струшко
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48- годишно лице од струшкото село Вевчани, за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.
Пријавениот, во својство на управител и сопственик на градежна фирма договорил и градел објект на бул. „Туристичка“ во Охрид сопственост на друго лице, при што во 2014 година издал прва и втора времена ситуација во кои внел невистинити податоци за вграден градежен материјал и изведени работи на објектот.Откако оштетениот поднел рекламација и писмени предупредувања по однос на спорните количини, пријавениот издал две фактури со невистинита содржина за вграден градежен материјал со намален износ.
Потоа фалсификуваните фактури ги употребил во правниот сообраќај и тоа прво кај нотар кој донел решение за дозвола за извршување, а потоа ги употребил и кај извршител и врз основа на тоа добил налози за извршување и ставање под хипотека на објектот на оштетениот и спроведување на извршни дејствија за проценка и продажба на конкретниот објект. По ова, оштетениот ангажирал вешто лице кој изготвил два наоди со реална цена за вградениот градежен материјал.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа