ОН го обвинија Израел за тортура врз палестинските деца

 

Комитетот на Обединети нации за правата на детето денеска ги осуди израелските сили за лош однос кон палестинските деца, вклучувајќи и тортура на децата во заробеништво и користење на децата како човеков штит.

Во извештајот се посочува и дека израелската војска и полиција систематски ги изложува на деградирачки третман и често на тортура уапсените палестински деца.

- Ако некој едноставно сака да ја зголеми својата политичката необјективност и политичките удари врз Израел, кое не е заснована на нов извештај, на работа на терен, туку едноставно на рециклирање на работи, тогаш тоа нема значење, изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Јигал Палмор.

Осумнаесет независни експерти испитуваа како Израел го исполнува договорот од 1990 година во рамките на редовната проверка. Тој документ не го имаат потпишано само САД и Сомалија. 

ФОТО: Евести

најчитано сега