Бебе преживеало 14 часа во ладна река, мајката починала
Девојче старо 18 месеци преживело 14 часа во автомобил кој слетал од патот во реката Спаниш Форк кој истоимениот град во сојузната држава Јута. Автомобилот бил на кров во ладната река, а бебето висело наопаку во своето седиште над водата. Мајката Лин Гросбек (25), која управувала со автомобилот, не ја преживеала несреќата, пишува Дејли Њуз.
Ги пронашол рибар кој повикал помош. Бебето е веднаш префрлено во болница и сега е стабилно.
Полицајците и пожарникарите после акцијата се хоспитализирани поради преладување.
Полицијата смета дека автомобилот ја пробил бетонската бариера на мостот и слетал во реката во петок навечер околу 22 часот и 30 минути, додека рибарот ги нашол во сабота околу 12 и 30.
Засега не сакаат да откриваат никакви детали за несреќата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа