Заев нема да објавува ништо за Албанците затоа што не било етички
Министрите на ДУИ во владата се прислушувани додека разговарале со нивните колеги министри и влијателни луѓе во Тирана и Приштина, вели во интервјуто за албанската телевизија Топ Чанел, лидерот на СДСМ Зоран Заев. Но тоа јавноста нема да го слушне, зашто Заев проценил дека не е етички, објави Република.
- Тој материјал нема да го објавиме, бидејќи тоа не е етички за министрите на другите земји.Наши министри биле предмет на прислушување, но, тие разговарале со своите колеги во Приштина и во Тирана – вели Заев.
Оттука се поставува прашањето дали е етички да се објавуваат туѓи разговори? Зошто не е етички да се објавуваат разговори на албански политичари, а етички е да се објавуваат дури и приватни разговори на Македонци? Досега не слушнавме ниту еден разговор на албанските политичари во земјава, освен на самиот почеток неколку нивни кратки разговори, со пријатели. Но затоа пак, се слушаа приватни разговори на министри, се слушаа интерни шеги и разговори за приватноста на новинари, кои подоцна беа предмет на озборување и невкусно шегување на социјалните мрежи инволвирајќи ги дури и нивните малолетни деца.
Што има етично во тоа јавно да се објавуваат туѓи муабети и приватни работи? Зарем е етично нечија приватност да се стави на тапет?!, пишува Република.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа