Едукациите на лекарите во странство даваат резултати
Едукацијата на македонските лекари во познати реномирани медицински центри во Европа, САД и Австралија покажаа многу позитивни резултат. Овој проект започна од 2012 година и досега 1100 лекари ја завршиле оваа обука во странство. За оваа година се очекува 1000 нови лекари да заминат на едуцирање во познати медицински центри, информираше денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
-Во 2012 година на доедукација имаат отидено 69 доктори, оваа бројка во 2013 година се искачи на 501, а во 2014 година достигна 514 доктори кои се доедуцирале. За оваа, 2015 година, предвидено е да бидат испратени околу 1.000 медицински лица, истакна Тодоров.
За овој проект од 2012 година, па се сосега се потрошени над 1,5 милион ебра.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа