Меси ќе го пропишти првиот меч во ЛШ со Барселона?

Лионел Меси би можел да го пропушти првиот натпревар во Лигата на Шампиони со Барселона, поради скандалот кој што излезе во јавноста за затајувањето на даноците. Тој и и неговиот татко имаат закажано рочиште на 17 септември, денот кога се закажани мечевите од групната фаза во сезоната 2013 - 2014 во елитното фудбалско натпреварување. Против него и неговиот татко обвинителството во Шпанија подигна обвиненија за затајување на данок за периодот од 2007 до 2009 година. Останува на судот дали ќе одлучи за ваквиот престап да го смета како кривично дело. Засега од клубот не излегоа со никакво соопштение, а Меси ваквата одлука ја прими со големо изненадување. 

 

 

најчитано сега