Авион принудно слета на аеродромот во Лион
Патнички авион на шпанската компанија Вуелинг, кој сообраќаше на релацијата Сант Жакде Компостел – Цирих слета принудно на аеродромот Сант Егзипери во Лион.
Причината за слетувањето била во губењето на притисокот во кабината на авионот за време на летот.
Сите 88 патници од летот се евакуирани и неповредени го продолжија патувањето за Цирих со автобус. Сличен инцидент се случи на 25 мај, кога еден авион на чартер комапнијата ХЛ-Ервајс со 112 патници слета ургнентно на истиот аеродром.