Романските лекари се заканија со протести, штрајк и оставки
Ромнанските лекари и другиот медицински персонал се заканија со протести, штрајк и оставки во јули поради ниските плати, условите за работа и односот кон медицинскиот персонал во Романија.
Романскиот министер за здравство Еуџен Николаеску изјави дека е изненаден од обновените протести на медицинскиот персонал бидејќи постојано води дијалог со синдикатите и ги повика медицинарите да го стават пациентот на прво место.
Лекарите стажанти во Романија имаат плата од околу 200 евра, додека специјалистите - 500 евра. Медицинскиот персонал не е задоволен од условите за работа, како и од начинот како ги третира власта дури и пациентите.
ФОТО: Вис.мк