Велиновска: СДСМ на ист начин играше и во 2001, Верушевски и тогаш беше дел од службите

Бидејќи народот довербата на избори ја дава на одредена политичка гарнитура која не им одговара на оние кои ја инспирираат дестабилизацијата на Македонија, СДСМ бара начин да го премостат македонскиот гласач, заклучи новинарката Мирка Велиновска на вечерашната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија која се одржа во Кисела Вода.

-Тие сакаат да го премостат македонскиот гласач. За да го нема. Тие сакаат да се ушуњаат, да се вовлечат во легитимната власт односно во институциите. Тоа е она нивно барање за техничка Влада. Така беше и во 2001-ва година, само тогаш се викаше Влада на национално единство, како бајаги. На ист начин ја водеа играта. И тогаш ние новинарите бевме прислушувани, и тогаш Верушевски  беше дел од службите, како што е и сега. И тогаш ни беше ветено дека до крај ќе се расчистат работите. Ама кога дојде до второто ниво, она што е надвор, кој е организатор и кој е инспиратор, се прекина, се договорија и ги исплашија. Влегоа заеднички во владата и заеднички ја натераа Македонија да капитулира. Да си го смени во воени услови Уставот, да си ја смени преамбулата, мнозинскиот народ да го сведе на една од етничките заедници. Тогаш дојде до смена на Власт, ко бајаги легитимна, а со помош на СОРОС-овата мрежа. Тогаш најголемите резилаци со наша помош беа направени бидејќи тогаш влеговме во стапицата на вакви серии. Тогаш ни ја наместија териоторијалната поделба, тогаш паднавме на мамка, на финта. Два дена пред референдумот не призна Америка под уставно име само за народот да не излезе на референдум, рече Велиновска.

Од 2006-та до денес, Македонија секоја година организира избори. Новинарката вели дека вештачки се провоцира криза, прво институционална или политичка и дека тие сакаат да го доведат народот до една ситуација каде ќе биде умотен.

Марионетата, како што го нарече Заев, сака политичка разрешница на ова.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега