Провалник се предал на полицијата откако открил обесен човек во куќата во која крадел
Еден провалник во Нов Зеланд самиот и се предал на полицијата, кога во куќата во која влегол да краде открил обесен човек.
Крадецот толку се исплашил што почнал да вреска, а за неговите пискотници најблиските соседи мислеле дека станува збор за домашно насилство.
Инцидентот се случил во раните часови, по полноќ, во семејната зграда во градот Хамилтон, јужно од најголемиот новозеландски град Окланд.
Против него нема да биде покренато никакво обвинување во врска со обесениот човек ниту ќе се истржува случајот, затоа што станува збор за самоубиство.
Крадецот со слаби нерви ќе одговара само за обид за грабеж.