ФОТО: Медицинска сестра се сликала покажувајќи му среден прст на течко болен пациент
25 годишната Татијана Куликова од рускиот град Киров очигледно не се грижела за тешко болните пациенти во својата смена, туку се сликала со среден прст кон нив објавувајќи ги фотографиите на социјалните мрежи со погрдни коментари до нив.
- Уште еден морон - напишала до една од фотографиите.
До фотографија од пациент со срцев удар напишала: Колку ја мразам работата!
Некои од пациентите починале откако биле сликани од Куликова.
Артем Голубев, познавач на здравствените прилики во градот Киров, вели дека нема да чуди доколку семејствата ја тужат медицинската сестра и службата за итни случаи каде работела. Од оваа служба информираат дека Куликова била веднаш отпуштена по објавувањето на фотографиите со пациентите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа