ФОТО: „Дајте го на вашата сопруга, тоа е нејзина работа“

 

„Дајте го на вашата сопруга. Тоа е нејзина работа“- ова го пишува на упатството за одржување на облеката од страна на индонезискиот произведувач на спортска облека Салво Спортс Апарел.

Фотографиите на етикетата се појавија на интернет на Меѓународниот ден на жената и предизвикаа осуда и повик на бојкот на нивните производи.

Компанијата се огласи на Твитер: -Вооопшто не сакавме да се понижува жената, напротив, сакавме да дознаат повеќе за одржувањето на облеката прашувајќи ги жените затоа што тие се многу потемелни. Не се сите луѓе се во состојба да се грижат за нивната облека, додека жените се експерти во таа област.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега