Тајниот план на Тито - зошто тајните агнети на УДБА вооружени до заби влегоа во Австрија

 

Вили Млакар, шефот на одделението на УДБА во Марибор, во ноември 1976 година, побарал од своите луѓе, во Корушкој, 31 митралез, 30.000 куршуми, 31 пиштол, 500 бомби, осум двогледи и 500 килограми воен експлозив, 30 гарнитури запаливи средства и наркотици...

Југословенската известувачка служба УДБА имала во текот на 70-те години во австриската покраина Корушкој голема улога отколку што до сега било познато, тврди унгарскиот весник „Прес“, повикувајќи се на нови документи од австралиски историчари. 

Оружјето требало да биде од австриско и западно производство, калибар кој го користи австралиската војска и полиција.

„Се прашувам за што би требало да се направи вакво складиште“, се запрашал Алфред Елсте, научниот раководите на комисијата на историчари, кој по налог на покраината, треба да ги испита случувањата околу манјинскиот конфликт за време на 70-те години. 

Елсте кажал дека не знае дали оружјето е испорачани, но затоа наишол на многу други интересни материјали. Извештајот на комисијата на историчари ќе биде наскоро завршен и почетокот на април ќе биде објавен под името „долгата сенка на Тито“.

Во Корушкој, во текот на 70-те години, се случило многу настани поврзани за словенечкото малцинство.

Така тогашната влада се обидела да ги исполни своите обрски со Државниот договор кон словенечкото малцинство, односно двојазичните табли кои ги загрозиле тие напори, како и бомбашкиот напад против партизанските споменици, железничките линии како и домобранскиот музеј во Фелкермаркт.

Историчарите укажуваат дека Корушка, не само за време на 70-те била територија на делување на известувачките служби од различно потекло, но пред се УДБА, која била инфилтрирана во безбедносните сили во таа покраина.

Комисијата на историчари ги анализирала сите детали и дошла до сознанија дека нападите на таблите не биле спонтани и неорганизирани акции и протести на граѓаните, туку се повикува на документ на полицијата според кој тогашниот шеф на коушката домовинска служба Херибер Јордан заедно со другарите донел одлука да делува против двојазичните табли.

И УДБА била меѓу учесниците, произлегувајќи од документите на австриските известувачки служби, поради тоа што во фазата на конфликтот околу двојазичните табли, упатила четири единици командоси со задача да ги заострат тензиите меѓу мнозинстовото и малцинстовто на жители во Корушка. 

Од командосите од покраината Бургенланд, нема многу податоци, но три групи во Корушка успешно делувале, тврдат историчарите.

Акцијата против двојазичните табли променија многу работи укажуваат тие, потсетувајќи дека шефот на покраината Ханс Сим, кој стоел зад поставените двојазични натписи, го препуштил своето место на Леполд Вагнер, како и дека австралиската влада, поради отпорот, се откажала од свите намери и ги приемнила малцинските права само во минимална варијанта.

Покрај тоа корушката Домовинска служба се претворила во модерна лобистичка организација и поради тоа уследило разочарување меѓу словенското малцинство.

За многумина дошло момент да се превземат радикални средства, и тие во УДБА наишле на подготвени поддржувачи.

Година дена по насилното отстранување на двојазичните натписи, 1973 година една известувачка организација под името „Сора“ која била раководена од Марибор, почнала да делува. 

Таа се состои од повеќе, едни од други независни ќелии, кои најверојатно се одговорни за вкупно 10 бомбашки напади до 1979 година.

Според документите од југословенските архиви, иницијативата за превземање на радикални акции потекнува од Корушких Словенци, укажуваат историчарите.

Елсте укажува дека 12 до 14 лица учествувале, додавајќи дека му се познати нивните надимаци, и дека за некои од нив знае кој стои зад нив. Меѓу нив има и познати - Матеус Грилц, адвокат и екс претседател на католичкиот совет корушник Словенец, кој, меѓу, отфрлањето, преку медиумите, секако учествува.

Комисијата на историчари наведува дека постојат индиции за неговата вмешаност, но додава дека  не постојат дефинитивни докази. Историчарите укажуваат дека наишле на податок да безбедносните служби не ги истражиле инцидентите на лице место.

Два конкретни случаи го докажуваат тоа, наведува Елста, укажувајќи на случајот наЈохан М. германско-национален активист, кој гордо се сликал со искоренувањето на двојазични натписи, а кој година дена подоцна дигна во воздух партизански споменик во Робеш, за што е и осуден. Неговиот исказ, за време на сослушувањето во жандимеријата, дека тој напад бил финансиски мотивиран, и по налог „од доле“, односно Југославија, не е понатаму истражен. 

Другиот пример е случајот од јуни 1974 година кога во музејот во Милаузгоф е уништен со бомба. Во август случајот речиси да беше решен, и дневникот „КТЗ“, напишал дека познат налогодавец и извршител и дека се собираат последните докази.

КТЗ добил исправна информација, затоа што од документите од безбедносната дирекција се гледа дали налогот е за телефонско пратење, но потоа во досието повеќе ништо не може да се открие. Случајот едноставно е архивиран и ставен на страна.

Колку властите немале интерес за расветлување толку и сега нема интерес за сознанијата на историчарите, укажува „Прес“.

Комисијата, која требала да ги добие сите докумети била соочена со фактот дека 23 од 60 барани документи, им било одбиени да им бидат предадени. Но, тие документи се акти за делувањето на NDP, но и на комунистичката партија во Австрија како и полициските информатори. Во образложението е наведена дека документите не можат да им бидат предаедни поради заштитата на правата на личностите и националната безбедност.

Елсте констатира дека „издавањето во Австрија е очигледен факт кој треба да се штити“. Тој додаде дека најголем дел од материјалите, кој не им е даден на увид, имал врска со агентите на Удба во Австралија.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега