Тамара Тодевска не се појави на закажан настап– никој не знаел каде е?

Познатата пејачка Тамара Тодевска нејверојатно периодов е презафатена, па заборава на своите договорени настапи.

Тамара не се појавила на закажан настап во прилепското кафуле „Арт Апореа кафе“. Таа во Прилеп требало да настапува оваа сабота, но вечерта не стигнала на настап.

Од клубот преку „Фејсбук“ им се извинија на посетителите. Во соопштението велат дека се обиделе преку нејзиниот менаџер да ја контактираат, но наводно ни тој, ниту пак нејзиното момче, не можеле да ја добијат на телефон, ниту пак знаеле каде се наоѓа.

Засега ни од неа, ни од нејзината продукциска куќа нема официјално соопштение со нивна страна на приказната.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега