Жителите на штипско Шашаварлија ќе добијат вода за пиење

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев денеска беше во посета на  штипските села во Плачковичкиот регион.  Захариев истакна дека веќе утре ќе се реши проблемот со водоснабдувањето на село Шашаварлија.

- Жителите на Шашаварлија веќе утре ќе добијат вода за пиење. Морам да кажам дека подолго време не ја плаќале сметката. Договорено е утре да платат, не станува збор за голема сметка некаде околу 16.000 денари, а општината ќе го плати приклучокот, информира Захариев.

Тој истакна дека општинската администрација изготвила и проект за изградба   на пат од Шашаварлија до Почивало, со што ќе бидат опфатени и селата Калапетровци и Кошево, а селото Почивало ќе се поврзи со радовишкото село Бучим.

- Од денеска почнавме и со уредување на паркинзите и парковите во најголемата штипска населба „8-ми Ноември“. Околку секоја зграда во оваа населба ќе имаме уредени паркови, а исто така и ќе бидат средени и паркизните, рече Захариев.

Тој додаде дека за неколку дена ќе почне и реконструкцијата на улицата Христијан Карпош.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега