Исламска комисија за човекови права - Шарло Ебдо прогласен за исламофоб на годината

 

Исламската комисија за човекови права, (IHRC) организација со седиште во Лондон, го прогласи францускиот сатиричен неделник Шарли ебдо за исламофоб на годината. 

IHRC образложува дека весникот ја заслужил наградата поради „континуираното потиснување на исламофобното чувство низ карикатурите на Мухамед коко терорист и исмејување на верата“.

„Постојаното исмејување на муслиманите е дел од културната омраза, чија цел е маргинализација, потоа оттуѓување и понатаму загрозување на заедницата која е етикетирана слично како што биле Евреите во нацистичка Германија“, се наведува во соопштението на IHRC.

Меѓу оние кои „шират дезинформации за исламот и допринесуваат за создавање на негативни медиумска слика за муслиманите“ се телевизијата Фокс и филмот „Американски снајпер“.

Најголем исламофоб годинава е британската министерка на полицијата Тереза Меј, која ја обвинуваат декае  „водечка сила во воведувањето на репресивните закони против муслиманската заедница.

Доделени се и позитивни награди, а меѓу добитниците се нашле и жителите од градот Колд Лејк во Канада, кој со своите сограѓани помогнаа да бидат очистени и поравени џамиите уништени во антимуслиманските напади минатата година.

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега