Продолжува грижата: Владата ги отпиша долговите на 9000 семејства

Девет илјади семејства денес добија решенија за еднократен отпис на долгови, а вкупно поднесени барања за владината мерка биле 41.765.

За отписот на долгови се издвоени 900.000.000 денари. Најмногу отпишани долгови има за електрична енергија, потоа за кредити во банките и најмалку за топлисна енергија и радиодифузна такса.

-Многумина со неверување ги дочекаа нашите ветувања за отпис на долгови, но ние решивме да им помогнеме на оние лица на кои најмногу им беше потребна помош на начин на кој никој во светот досега не помогнал, изјави денеска премиерот Груевски.

Инаку, оваа мерка беше донесена минатата година и беше дел од изборните ветувања на владејачката партија.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа