Во Дубровник ќе се продава чист воздух во шишиња?

Шишиња со чист водздух од Дубровник од летото 2016 година би можел да се најде во продажба во пакувања од пола и еден литар, и ќе биде барем четири пати поскап од флашираната вода.

Шишињата ќе бидат наполнети со чист воздух, барем додека сопствениците истата не ја наполнат со вода од Дубровник, кои според најавите ќе биде поздрава и почиста од онаа која денеска може да се купи во продавниците.

Централното место во оваа идеја го завзема локалниот извор Омбле, според кој, според идејата на екс градоначалничката на Дубровник Андра Влахушиќ, која сака повторно да се врати на тоа место, ќе биде отворени Музеј на вода.

„Ќе продаваме како сувенир празни стерилирани шишиња од тврда пластика која нема да биде лесно да се скршат, со гаранција дека водата која можат да ја наполнат, ќе биде високо квалитетна“, изјави Влахушиќ.

Тој објасни дека планира да се продава и пакет во кој ќе биде едно помало шише од 0,5 литри и едно поголемо, а како поклон се добива и книга на која на повеќе светски јазици ќе пишува за изворот, и историјата на водата во Дубровник.

На таквата идеја Влахушиќ дошол на основа на едноставни пресметки. Зидин Дубровник минатата година бил посете од повеќе од 900.000 туристи, воглавно со крузер, и сите во рацете носеле флаширана вода.

„Зошто да не им се понуди нешто вакво едноставно“; се запрашал Влахушиќ. Тој проценува дека цената на пактот боца би можела да биде околу 20 куни, а шишето воздух четири пати поскапо, но цената ќе биде пониска ако би се купувале карти за Дубровник но и за влез за разгледување на градбите.

Тој смета дека за туристите ова би можело да биде доста интересно, затоа што секаде во светот се навикнати да флашираната вода секогаш мора да ја купуваат и дека скапо ја набавуваат од туристичките атракции, а во Дубровник чистата вода ќе ја добијат бесплатно, а истовремено шишето ќе им остане како спомен на посетата на Дубровник.

Но пред да овие шишиња да се најдат пред туристите, на потег е градското претпријатие, „Водовод Дубровник“, кое работи на проектот на прочистување на водата со капацитет од 490 литри во секунда. Вредноста на проектот е околу 50 милиони кунио (6,5 милиони евра) до 1 јуни, тврдат ќе биде избран изведувач на работата, а повеќе од поливината ќе биде рефундиран од страна на ЕУ фондовите и Хрватските води.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега