Фудбалерот на Вардар Вајс суспендиран поради допинг

Дефанзивецот на Вардар Мирослав Вајс бил позитивен на допинг тестот кој што бил направен пред натпреварот со Металург на 29-ти мај. Во моментов се работи на целосно расчистување на случајот, а Вајс во моментов е автоматски суспендиран. Играчот ќе ја сноси одговорноста за користење на стимулативни средства, а покрај него на истиот ден бил тестиран и Фили Петров, но за разлика од Вајс тој се покажал негативен на тестот за допинг.

-ФК Вардар е апсолутно против користење на недозволени стимулативни средства, тоа им го напоменуваме на сите фудбалери пред потпишување на договор со клубот и сите тие со писмена изјава даваат согласност дека самите одговараат во случај да бидат позитивни на допинг - тест“, вели извршниот директор на ФК Вардар, Горан Митев, а пренесува „Екипа“.

 

најчитано сега