Милан приредил пријатно изненадување за роденденот Северина

Милан момчето на Северина пријатно ја изненади хрватската пејачка за нејзиниот 41 роденден. Поповиќ цел месец го криел своето изненадување, кое што се состоело од повеќе елементи меѓу кои и уникатен накит од бело злато. 

„За Севе се подготвува и забава на која ќе бидат повикани сите нејзини пријатели, а како шлаг на тортата ќе следи боженствено патување на кое ќе замине со Милан и Александар. Сетоа тоа го организирал Милан до детал, така што ништо нема да ја наруши нејзината успешна турнеја. Тој се потрудил овој роденден да ѝ биде незаборавен, особено поради тоа што во изминатиот период имаа турбиленции во врската“, изјавил за српскиот весник „Курир“ пријател на Милан.

најчитано сега