Латиновски: Мој приоритет е инфраструктурата на Бутел
Градоначалникот на Бутел Петре Латиновски денеска информира дека негови приоритети се проектите од областа на инфраструктурата.
- Пуштена во употреба е фекалната канализиција од десната страна на реката Серава. Изградена е мрежа за фекална канализација во населеното место Расадник со вкупна должина од 250 метри на улиците „15“ и „21“ во горната зона над селото Радишани со вкупна должина од 350 метри, рече на денешната прес-конференција Латиновски.
Потсети дека е изградена атмосферска канализација во населеното место Живко Брајковски, на улиците „Душко Поповиќ“, „Александар Москов“, „Лазо Бујнов“, „Петар Манџуков“. Изградени се улиците „Боро Кралевски“, „6“, „21“, „15“... Решен е проблемот со напојување на електрична енергија. Изработен е проект за реконструкција на локалниот пат Радишани – Љуботен.
- Најголем дел од мојот работен век беше посветен и работен со младите, така што грижата за младите продолжува и во третиот мандат. Решивме да го градиме училиштето „Живко Брајковски“, потенцира Латиновски и додаде оти има потреба од уште едно училиште во Визбегово.
Оваа недела ќе се одржи ликовната колонија „Љубанци 2013“, се подготвува манифестацијата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски. Општина Бутел се вклучува во проектот „Сеќавање за Скопје“.
ФОТО: Сител