Ко-основачот на „Пајрат беј“ осуден на две години затвор
Ко-основачот на шведската интернет страница „Пајрат беј“, Готфрид Свартхолм Варг (28) денеска е осуден на две години затвор поради „упад“ во компјутери на компанија за чување податоци на шведски претставници и за незаконски онлајн трансфер на пари, соопшти денеска судот.
Варг минатата година беше екстрадиран во Шведска од Камбоџа поради судење, откако во 2009 година беше обвинет за Интернет пиратерија. Ко-основачот на „Пајрат беј“ ги отфрли сите обвиненија.
- Хакерскиот напад беше многу голем и технички напреден, соопшти судот, истакнувајќи дека е нападнат многу сензитивен систем.