Поплава и темнина во скопскиот Граѓански суд

Поплава и темнина во Граѓанскиот суд. Од утрово нема струја ниту судења.

Канал 5 пренесува дека вчера вечерта пукнала цевка во судот и предизвикала голема поплава. За да се спречи настанување на поголема штета, електричната енергија целосно била исклучена. 

Денеска дефектот со цевката веќе бил саниран, но, се чека целосно да се исуши намокрената инсталација за да се вклучи струјата.

РОчиштата беа откажани, па дел од граѓаните и адвокатите лутаа по темните ходници и судници за да добијат нови датуми за судење.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега