Спортска торба со натпис „не допирај“ ја крена полицијата на нозе

Лажен аларм за поставена бомба претпладнево ја крена на нозе полицијата во албанската метропола, пренесува МИА.

Случајни минувачи ја известиле полицијата за оставена сомнителна спортска торба на клупа во паркот „Риниа“(Младост) на која стоел натпис „не допирај“. Првите сомнежи биле дека во торбата има експлозивна направа.

Големи полициски сили од повеќе сектори, меѓу нив и единицата за брза интервенција го обиколиле местото и не дозволувале приближување на граѓани. Од деталната контрола било утврдено дека во торбата имало разни нешта, меѓу нив и книги, но не и експлозивна направа.

Овој настан следува ден по поставениот експлозив во багажникот на автомобил на бизнисмен во Тирана. Околу 200 грама тритол бил поставен во автобоилот како заканувачка порака.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега