Жестока расправа во Општина Центар - спорната седница прекината прашањата неодговорени
-Продолжението на 5-тата седница на советот на општина Центар, денеска по жестока расправа беше прекинато од страна на претседателот на советот Мирослав Шиповиќ. На дневниот ред на седницата беа точките 13, 14, 15 и 16 кои што се однесуваат на ставањето вон сила на измените и дополнувањата на ДУП – овите донесени во 2012 та година. Одложувањето на седницата ги остави неодговорени спорните точки, пишува порталот Курир.
Според Курир, на почетокот на седницата советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ побарале градоначалникот да биде присутен на седницата, но, претседателот на Советот Шиповиќ рекол дека Советот може да работи и во негово отсуство бидејќи градоначалникот не е предлагач на точката. Советникот од ВМРО ДПМНЕ Сашо Трпевски се повика на членот 194 од Деловникот за работа, според кој, градоначалникот има право и должност да присуствува на седниците на Советот.
По однос на ова прашање Советот продолжил да расправа, за по низа препукувања, и посочени нерегуларности, седницата да се сведе само на процедурална расправа.
-Советниците од ВМРО ДПМНЕ се повикаа на членот 42 од Статутот на Советот каде во став 2 стои дека доколку градоначалникот е спречен да присуствува на Седницата, тогаш тој е должен да назначи свој заменик за седницата. Исто така, градоначалникот е должен да назначи свој заменик во рок од 30 дена по стапувањето на функцијата. Во меѓувреме претседателот Шиповиќ за време на паузата достави решенија до советниците каде еден од советниците од редовите на СДСМ се именува за заменик на градоначалникот, но ги замоли советниците да не расправаат во однос на тоа решение затоа што, како што рече тоа решение сеуште не е официјално, пишува Курир.
- Значи ве молам, во Советот нема доставено никакво решение за заменик градоначалник. По завршување на заклучокот речението за заменик градоначалник ќе ви биде доставено, рекол Шиповиќ, пренесува Курир.
СПоред Сашо Трпевски со оваа одлука членот 42 е страотно прекршен, затоа што, како што објаснил, градоначалникот сеуште нема донел решение за тоа кој ќе го замени во случај на спреченост.
Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Томислав Лазаров во име на групата побарал Жерновски да присуствува на седницата, бидејќи, како што рече, постои определен предлог по однос на точките предвидени во Дневниот ред кои тие сакаат лично нему да му го достават.
Шиповиќ, пак, на ова возвратил повикувајќи се на членот 84 од Статутот на општината каде се вели дека за работа на советот се потребни најмалку 12 советници, а присуството на другите официјални лица не е услов за работа на Советот. НЕговиот предлог бил ставен на гласање и заработил 12 гласа за и 11 против. На ова, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ барала советникот кој во доставеното решение е назначен како заменик на градоначалникот да го заземе местото и да се отстрани од носењето одлуки во Советот. Претседателот на советот и овој предлог го стави на гласање.
-Претседателот на Комисијата за статут и прописи Илија Илиовски напомена дека гласањето не е валидно затоа што советникот назначен како заменик на градоначалникот повторно гласа и побара гласањето да се изврши индивидуално и при тоа да се утврди кој од советниците има или нема право да гласа. И по индивидуалното гласање Шиповиќ не го прифати барањето на советниците од ВМРО ДПМНЕ и со тоа не го испочитува членот 42 од Статутот за работа на општината, според кој советникот кој ќе ја заземе функцијата да го заменува градоначалникот во случај на спреченост нема право на глас. Како што рече, во тој случај не се 12 гласа ЗА и 11 против, туку треба да бидат 11 наспроти 11, пишува Курир.
- Од аспект на тоа што го дадовте како известување до членовите на Советот и ова гласање е невалидно затоа што незнаеме кој е заменик градоначалник на општината и е најверојатно некој од мнозинството, 12 те членови, и ако е тогаш таму во тоа мнозинство немам 12 членови, туку имаме 11, така што и оваа одлука е невалидна , истакнал Илиовски, барајќи од претседателот да го соопшти името на заменикот на градоначалникот и Советот да донесе валиден заклучок по однос на неговиот предложен заклучок.
Шиповиќ ги обвинил советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека не им се работи, ја прекинал седницата и ја одложил за 12 ти јули.
Советниците воопшто не успеале да расправаат за предвидените точки од Дневниот ред, пренесува Курир.