ВИДЕО: Џовинко го симна скалпот на Јапонците - Нејмар херој за „кариоките“

Вчерашните мечеви во Групата А од Купот на Конфедерации завршија во полза на фаворитите Бразил и Италија. „Кариоките“ ја совладаат селекцијата на Мексико со двата погодоци на Нејмар, додека крајно возбудливо беше во вториот натпревар во кој Италијанците со престврт најпрвин дојдоа во водство со 3:2, откако претходно Јапонија водеше со 2:0. Јапонија успеа да дојде до израмнување но погодокот на Џовинко беше клучен за конечен триумф од 4:3 за светскиот вицешампион. Јапонија дојде во водство преку головите на Хонда од пенал и Кагава. Намали Де Роси, а при крајот Џакерини го погоди дирекот. Израмнувањето стигна во 50 минута со автоголот на Учида. Италијаните дојдоа во водство преку Балотели од пенал. Попуст беше погодокот за израмнување на Окизаки. Сега Бразил и Италија ќе се борат за првото место во оваа група и воедно да го избегнат во полуфиналето светскиот и европски шампион Шпанија. 

 

 

 

 

најчитано сега