Џони Деп си ја отвори душата: Не гледам со едното око
Еден од најубавите глумци на денешницата Џони Деп си ја отвори душата и изјави дека уште од мал не може убаво да гледа на едното око.
Исто така, тој изјави дека причината поради која постојано носи наочари е тоа што не гледа добро.
- Се ми е некако матно. На едното око сум потполно слеп. Слеп сум како глушец. Тоа е левото око, а слабо гледам и со десното. Затоа постојано носам наочари, вели згодниот актер.