'Мајка на годината': Се обидела да полага матура место ќерка си

 

51-годишната Каролин Д. се обидела да полага матура место нејзината 19-годишна ќерка Летиција  на испитот по англиски јазик, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Со патики „конверс“, џинс со ниска половина и шминка на очите кои го подвлекуваат погледот, мајката била убедена дека разликата од 32 години нема да биде видлива пред очите на контролорите. Но, обидот за измама завршил пред крајот на испитот... во полицискиот комесаријат каде беше спроведена од четворица полицајци.

Два часа претходно, оваа средновечна жена ги поминала сите контроли се до испитната сала, нејзината ќерка не учела во таа гимназија, а и фактот дека многу повозрасни луѓе полагаат матура не предизвикало сомневања кај контролорите, кога таа се нашла меѓу младите матуранти.

Одговорниот на испитниот центар веднаш бил информиран за иинцидентот, но испитот што штотуку почнал не бил прекинат. Евентуалната интевенција можела да го наруши испитот и да доведе до негово поништување во целата академија.

По два часа минати над задачата таа била повикана да излезе од испитната сала, што го направила без проблем. Веднаш потоа била спроведена во полицскиот комесаријат каде била сослушана за присвојување на идентитет и обид за подобрување на оценката по англиски на нејзината ќерка.

Каролин Д; го признала делото и наскоро треба да биде сослушана пред суд.

 

најчитано сега