Невремето направи хаос во регионот - кога ќе се спасиме од циклонот Реа?

Времето  во Македонија ќе биде облачно преку денот со умерен повремено засилен северен ветер и со врнежи кои ќе бидат поинтензивни во источните делови од земјата особено преку ноќта кон сабота. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на југоисток од дожд.

Во северните и западните делови од земјата врнежите на пониските места ќе бидат повремено од дожд и снег. На планините ќе се формира нова дополнителна снежна покривка, на места со дебелина од 20 см нов снег, а новите количества врнежи на места ќе надминуваат 25 л/м2 за 24 часа.

Температурата ќе се движи од нула до седум степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до пет степени.

Повремено засилен северен ветер со слаб врнежи претежно од снег ќе има во сабота, а во недела ќе се задржи студено време, со северен ветер и со услови за слаб снег во источните делови на земјата.

Од понеделник следи променливо облачно, но стабилно време.

 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега