Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

На крводарителската акција одржана денеска во Крива Паланка во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка и Ранковце беа собрани 64 единици крв.
 
Акцијата се организира во соработка со Општинската органзиација на Црвен крст од Крива Паланка и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
 
- Ова е прва заедничка акција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка и Ранковце, а повод за организирање е претстојниот празник нa жената, 8 Март. Сакавме во пресрет на парзникот да ја покажеме својата хуманост и ние, но и сите наши сограѓани. Одзивот на граѓаните беше голем, а дури девет дами беа хумани и дарија крв, изјави Елена Митевска Давидовска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка.
 
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, Борче Стојчевски потенцира дека партијата организира повеќе крводарителски акции во текот на годината.
 
- Хуманоста е врвна човекова особина и ние не ретко ја искажуваме, бидејќи покрај денешната акција која како комитет ја поддржавме со своето дарување крв, годишно организираме најмалку три акции за собирање крв, а една од нив е традиционална-изјави Стојчевски.
 
Ова беше шеста по ред крводарителска акција организирана годинава во Крива Паланка, со која до сегa се собрани вкупно 292 единици крв.
 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега