Американци успешно оперираа бебенце старо пет недели на детската кардиохирургија

Американски кардиохирурзи кои се во посета на Македонија, оперираа бебенце старо само пет недели со вродена срцева маана. Денеска тие ја прават 14 операција, последна закажана за овој круг на интервенции. 
 
Со тоа досега се направени 120 оперативни зафати на дечиња, од страна на странски хирурзи во Македонија.
 
Заедно со тимот од САД, во земјава допатува и специјалист хирург од Лондон, кој извршил специфичен зафат кој за прв пат се работи на детска хирургија. 
 
- Оваа програма треба да ја развиваме, да правиме се поголем број на операции и да ги обучиме македонските доктори самостојно да ги извршуваат овие интервенции, вели кардиологот Герет Морган. 
 
- Развојот на оваа програма за нас е како растење на свое дете. На почеток се грижиме бебето да прооди, потоа се грижиме детето да напредува на училиште, на земе возачка дозвола и да се запише на факултет, потенцира кардиологот Марсело Кардарели. 
 
Минатата година смртноста при изведувањето на овие сложени операции била околу 4 проценти, што според хирурзите е во рамки на светскиот просек. Дури 95 проценти од децата со срцеви аномалии се оперираат во Македонија. 
 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега