Натпревар во возење автомобил за жени, Данче Шикова е највешт возач

Во пресрет на Денот на жената, 8-ми март, денеска во Кавадарци беше организиран натпревар во вешто возење автомобил за жени.

 

Настанот беше во организација на Министерството за внатрешни работи, отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи - Велес, во соработка со локална самоуправа Кавадарци, испитниот центар и автошколите од овој град.

 

На натпеварот се пријавиле повеќе од 30 кандидатки, а сите нив биле обезбедени скромни подароци, но и награди за најспретните жени.

 

Данче Шикова беше избрана за највешт возач на натпреварот кој се одржа на полигонот кај спортската сала „Јасмин“.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега