Заев е прочитан, сценариото разобличено - кривичните пријави имаат политичка цел

Зоран Заев самиот се демантира себеси, тонејќи во своите лаги и сето тоа трае подолг временски период.

Контрадикторноста во ставовите на опозицискиот лидер доаѓа пред се поради некажувањето на вистината и лагите кои сака да ги пласира пред македонските граѓани.

Заев во повеќе наврати беше фатен жив како лаже, како ги менува ставовите и се разобличи целта на неговото сценарио. Последниот негов обид да допре до граѓаните беше вртење на нова плоча. Ако досега најгласно обвинуваше дека го прислушкувале луѓе од кои пушташе материјали и го допре врвот на нелогичноста, сега Заев побара да не се коментира кој прислушкувал, туку содржината на разговорите.

 -Темата веќе не е кој прислушувал. Темата е суштината на разговорите, рече Заев во гостувањето на Телма. 

Откако ништо не им помина, СДСМ излезе со неколку кривични пријави до луѓе од власта, а всушност зад тоа стои тенденцијата да се изедначи перцепцијата помеѓу власта и опозицијата дека и на двете страни има кривични пријави и двете страни биле ставени во некаков криминал. Но, со овој потег, опозицијата уште еднаш ја потцени интелигенцијата на народот.

Сепак, познавачите и експертите сметаат дека никако не може да се стави знак еднаквост меѓу двете страни кои добиваат кривични пријави, особено ако се знае дека улогата на СДСМ и Заев е во средиште на афера за соработка со странски центри и агентурни мрежи кои имале за цел да ги загрозат државните интереси на Република Македонија.

Со ова е јасно дека потегот на СДСМ со кривичните пријави има политичка цел и обид за  маркетинг, а не некаква посакувана правна разрешница.

СДСМ сака да дојде на власт без избори и на насилен начин, па и со помош на странски служби. Тоа нема да им помине кај граѓаните.

На оваа тема денес свој став изнесе и македонскиот премиер Никола Груевски, како одговор на новинарско прашање.

-Што се однесува до кривичните пријави и оние од СДСМ и Заев кон нас и оние од институциите кон Заев, за тоа ќе си одговорат институциите на системот. Си има задолжени институции кои што ќе ги погледнат фактите и аргументите и ќе оценат што треба. Меѓутоа она што е мој впечаток е дека господинот Заев се обидува практично да пушти што е можно повеќе кривични пријави за да испрати една порака до јавноста дека ние имаме кривични пријави, ама имаат и тие. И да стави некаков знак равенство дека сите имаме кривични пријави и дека тоа е нормална работа и дека сите треба да се преиспитуваме. Во правото тоа не е така. Во правото не се гледа бројот квантитативно кој колку има кривични пријави, туку се гледа тежината на тие кривични пријави. Се гледаат фактите, аргументите, се гледаат законите, членовите на законите, проценуваат стручни луѓе кои ги гледаат сите факти. Така што, таа теорија дека „ајде што повеќе ќе си пуштиме еден на друг кривични пријави, па во лицето на луѓето ќе изгледаме сите исто“, нема да помине кај граѓаните. Како што тргнал, нема да ме изненади наскоро да каже дека се шефувал дека јас и Мијалков сме снимале. Тоа што го тврдеше тој. Така што, секојдневно ги менува изјавите, секојдневно релавитизира работи што претходно ги кажал. Едноставно, нема стабилност во она со кое што настапува. Постојано менува и граѓаните тоа го гледаат, па мислам дека ќе наиде на осуда и нема да наиде на прифаќање тоа што го прави Заев, рече Груевски.

Она што е кристално јасно е дека опозицискиот лидер е разобличен и фатен во лага неколку пати. Секој негов следен чекор за граѓаните е нешто во кое тие не веруваат и го сфаќаат како “сламка за спас“ по која посегнува Зоран Заев.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега