Трудниците сами ќе одлучуваат дали ќе се породат со царски рез

Жените сами ќе одлучуваат дали сакаат породување со царски рез, откако од Министерството за здравство се предомислија и го преправија Правилникот донесен пред Нова година.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, вели дека не важи веќе одредбата во упатството донесено пред Нова година со која гинеколозите беа ограничени оваа интервенција да ја прават само ако има медицински индикации. Министерот вели дека  е сменето упатството и дека жената ќе може да одлучи дали да се породи со царски рез, а гинекологот е должен да и соопшти кои се предностите и мааните.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 16:03
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега