Груевски: Важна е содржината не бројот на поднесени кривични

Лидерот на СДСМ Зоран Заев се обидува да пушти што е можно повеќе кривични пријави за да испрати порака до јавноста дека и тие имаат пријави и да стави некаков знак равенство дека сите имаме кривични пријави и оти тоа е нормална работа. Ова го истакна шефот на македонската Влада по промоцијата на нови дела од едицијата „Македонски искушенија“.

- Во правото не се гледа бројот, квантитативно кој колку поднел кривични пријави, туку се гледа тежината на тие кривични пријави. Се гледаат фактите, аргументите, законите... Проценуваат стручни луѓе кои ги гледаат сите факти. Теоријата дека што повеќе кривични пријави ќе си пуштиме еден на друг, па во јавноста, во лицата на луѓето ќе изгледаме исто, нема да помине кај граѓаните, посочи премиерот додавајќи дека ништо од Заев не може веќе да го изненади.

Според него, битна е содржината и квалитетот на пријавите, а не бројката.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:48
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега