Кастратовиќ на кормилото на Вардар Про?

Мажот на легендарната македонска ракометарка Индира Кастратовиќ, Зоран Кастратовиќ деновиве ќе биде промовиран како нов тренер на Вардар Про, објавува црногорскиот портал „handballme.me“. Според црногорците работата е веќе договорена а неговата промоција се очекува да се случи до крајот на месецов. Токму Кастратовиќ кој беше дел од Црногорската репрезентација како нејзин селектор успеа да ги однесе на ЕП во Данска. И покрај ваквиот успех, селекцијата на Црна Гора најверојатно на ЕП ќе биде предводена од друг селектор. Веселин Вујовиќ кој беше досегашен тренер на Вардар Про ги напушти црвено-црните поради суспензијата од една година која му ја додели РФМ поради инцидентите на последниот меч против Металург. Вујовиќ кариерата ќе ја продолжи во Катар. 

ФОТО: Екипа.мк