3,3 милиони Албанци ќе ги избираат новите пратеници

Во недела околу 3,3 милиони албански граѓани со прав на глас ќе ги избираат новите 140 пратеници во Парламентот на Албанија.

Иако во единствениот избирачки список околу бројот на гласачите нема некои поголеми измени, сепак реално гласачкото тело е многу помало, поради големиот број граѓани кои се во емиграција, што го потврдија  последните податоци од пописот на населенето.

Ќе се гласа на повеќе од 4.400 избирачки места, кои веќе ги обезбдува плицијата, откако денеска почна доставување на изборниот материјал. Избирачките одбори се комплетирани и досега нема некои полеми проблем.

Најголемиот проблем кој може да продуцира дополнителни проблеми подоцна, е нецелоноста Централната изборна комисија (ЦИК), која по оставките на тројцата претставници на опозицијта, сега функционира само со четворица членови и покрај апелите на меѓународните претставници за нејзино докоплетирање.

Претседателката на ЦИК, Лефтере Леши, ветува транспарентна и независна работа на Комисијата, чија работење ќе го следат и претстваници на странски амбасади во Тирана, при што ќе има еден претставник и од македонската Амбасада.

Гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а затворени во 19 часот. Изборите ќе ги следат над 400 набљудвачи на ОБСЕ, чија Мисија ја предводи Кони Меккормак.

Најжеската битка ќе се води, како и на досегашните избори, меѓу двете најголеми политички сили, актуелната владеjачка Демократска партија (ДП) на премиерот Сали Бериша, која ја предводи коалицијата „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“, во која е и Македоската алјанса за европска интеграција, и опозициската Социјалистичка партија (ПС) на Еди Рама, која е предводник на коалицијата „Алијанса за европска Албанија“, во која учествува и  Социјалистичкото движење за  интеграција (ЛСИ) на доскоро владиниот партнер Илир Мета, која се смета за трет значаен политички субјект.

Вкупно на изборите учествуваат 66 политички партии. Самостојно на изборите насташуваат партијата Нов демократски дух на поранешниот албански претседател Бамир Топи и нациоалистичката Алијанса „Црвено-црни“ на Крешник Спахиу, кои се на четврто и петто место по рејтингот.

Изборната кампања се карактеизираше со тешки меѓусебни обвинувања на релација Бериша-Рама, нивни изјави за тоа кој е поголем патриот и кој на земјата и на граѓаните им го посакува најдоброто и со ветувања за намалување на даноците, привлекување милијарди директни странски инвесиции, и стотици илјади нови вработувања.

Досегашните анкети покажуваат предност на социјалистите од три до пет отсто. Поради нереализираните ветувања давани на досегашните изборни кампањи од двата партиски кампа, висок е процентт на ние кои во анкеите се изјаснуваат дека нема да излезат на гласање. 

За да ги придобие емгантите во Грција, каде ги има над 600 илјади, Еди Рама со спот на грчка телевизија ги повика да дојдат да гласаат за опцијата за европска Албанија. Сепак доколку се спореди со претходните избори ова кампања е далеку подемкратска.

И едните и другите, нормано, се надеваат на победа и во премиерката фотеља себе си гледаат и Бериша и Рама, но и Мета.

На последните избори формирањето влада го овозможи, поранениот социјалистиќки премиер, а сега лидер на ЛСИ, Мета, кој ако дотогаш беше најгласен во повиците „Бериша да си оди“, на изненадување на сите, влезе во коалиција со него. Исто како што влезе во Владата, изненадување предизвика и нејзиното напуштање од негова страна, па и сега, како што оценуваат дел од аатичарите, нема да биде никакво чудо ако повторно му го сврти грбот на Рама и постоизборно коалицира со Бериша, доколку за тоа има простор.

На овие избори историска победа очекуваат и Македонците. Тие учествуваат со 86 кандидати во сите 12 изборни единици. Најголеми шанси имаат во избрната единица во Корча, каде носител на листата е Валентина Нестор, по потекло од Пустец, која работи како лектор по македоски јазик во Универзитетот во Тирана.

- Повеќе од сигури сме во победата на нашиот кандидат Валентина Нестор. Тоа ќе биде наша историска победа, со која првпат во албанскиот Парламент ќе имаме наш претставник, кој јавно се изјаснава дека е Македонец и кој доследно ќе ги застапува нашите права, вели Едмонд Темелко, претседател на МАЕИ.

За победа на Нестор и се потребни 3.500 гласови. Концентрацијата на Македонците во околијата Корча е голем (само во општина Пустец има 4500 гласачи), па реални се очекувањата името на Валентина Нестор да биде запишано во историјата на како прв пратеник Макадонец во еден албански зконодавен дом.

Овие, досега најскапи избори одржани во Албанија, кои ќе ја чинат осум милиони евра, се многу значајни за европската иднина на земјата. Претходните избори во Албанија беа одбележени со насилство, изборни измами и заплашувања.

Првите парламентарни избри во Албанија беа одржани во 1990 година, кога победи тогашната Партија на трудот. Две години подоцна беа спроедени вонредни на кои триумфираа демократите, од кои власта ја превзедоа социјалистте на изборите 1997 година по познатите пролетни немири во земјата. Социјалистите на власт останаа осум години, со побдата на избрите во 2001 година. На избрите во 2005 и 2009 година победа однессоа демократите. 

МИА

ФОТО: Денешен

најчитано сега