Србија: Се преплашил па го викнал соседот да му ја породи сопругата

31-годишниот Лазар Чобановиќ од селото Петровиќ во близина на Белград, во една вечер стана локален херој, но и бабица, откако во автомобил ја породил неговата 19-годишна сосетка Анета Заировиќ, чиј сопруг избегал од страв.

- Во еден момент таткото на детето од задното седиште на автомобилот извика дека породувањето почнало и дека ја гледа главата на бебето, а потоа избега од возилото. Се префрлив на задното седиште, ја фатив главата на детето, го извлеков надвор и го предадов на мајката. Дури тогаш сфатив што сум направил, раскажа Чобановиќ за „Блиц“.

- Ми рече дека жена му се пораѓа, дека е предоцна да повика брза помош, па ме замоли да ги префрлам до болницата во Земун. Веднаш ги земав клучевите од автомиблот. Веќе по неколку минути возење сфатив дека и пукнал воденикот. Застанав, повикав брза помош по телефон и им ја објаснив ситуацијата, раскажа Чобановиќ, кој призна дека и тој во тие моменти беше престрашен, но тоа не го спречило да и помогне на младата Анета. - Кога бебето заплака бев пресреќен, додава на крајот.

- Утврдивме дека е родено живо девојче, тешко околу 2,5 киломграми. Двете се чувствуваат добро, никакви компликации немаше, изјави главната сестра на гинеколошкото одделение на болницата во Земун. 

ФОТО: Кајгана 

најчитано сега