Ненадејно почина претседателот на ФИБА Европа
Претседателот на ФИБА Европа, Олафур Рафнсон почина вчера во текот на посетата на новото седиште во Женева на 50-годишна возраст.
Инаку, Олафур беше прв човек на Олимпискиот комитет на Исланд, а за претседател на ФИБА Европа беше избран во 2010 година, а во текот на својот мандат се залагаше за договор со УЛЕБ и укинување на Еврочелинџ купот, но не успеа во својата цел.