Големо невреме во Франција - животот го загубија три лица

 

По поплавите предизвикани од поројните дождови и топењето на снегот во југозападна Франција, северниот и источниот дел на земјата синоќа беше погоден од силно невреме, јави дописникот на МИА од Париз.

Од неверемето најпогодени беа регионите Бургуднија, Париз и Шампањ, каде беше регистрирана појава на град и ветер со јачина до 80 километри на час.

Само во Париз, пожарникарите за три часа добиил 6.462 телефонски повици за помош, колку што  вообичаено добиваат за 24 часа. Околу 1600 повици се однесувале на барања на помош поради поплавени визби и куќи.

Во поплавите и надојдените води во јужниот дел на Франција, каде досега животот го загубија три лица, започна намалување на нивото на реките.

 

најчитано сега