Ѓорче Петров подготвува богато и забавно културно лето
На 22 јуни со гала концерт на културно уметнички друштва од Србија, Турција, Кипар, Бугарија и Македонија ќе започне овогодишното „ Културно лето“ во општината Ѓорче Петров, информираат од Општина.
Концертот ќе започне во 20:30 часот а ќе се одржи на летната сцена во Реонскиот парк. Оваа манифестација се одржува по осми пат и ќе трае до крајот на септември. Во богатата програмска шема предвидени се повеќе од 20 културни настани. Ако дозволат временските прилики сите настани ќе се одржуваат на летната сцена на која ќе продефилираат многу познати имиња од домашната естрада но и театарски претстави, детски фестивали и други содржини кои ќе го привлечат вниманието на ѓорчепетровци. Како алтернатива за редовно одржување на настаните е и сцената на „ Центарот за култура“-Ѓорче Петров.