Властите вo Бразил попуштија: Нема да поскапат билетите за јавниот транспорт
Властите во двата најголеми бразилски града, Рио де Жанеиро и Сао Паоло, се откажаа од поскапувањето на билетите за јавниот транспорт поради масовните протести.
Во Сао Паоло ќе се вратат старите цени на билетите за метрото, возовите и автобусите, додека во Рио де Жанеиро беше соопштено за поевтинување само на автобускиот превоз.
Протестите почнаа пред десетина дена во Сао Паоло со конкретен повод - поскапување на билетите за јавниот транспорт. Постепено, меѓутоа, тие ја зафатија целата земја, како незадоволство на Бразилците од ниското ниво на јавни услуги во земјата.
Демонстрантите се гневни од огромната сума пари потрошена за фудбал, и покрај острите социјални проблеми во земјата.